садница (ж.)
- Ако, - велеа други. - Додека се млади садниците се садат...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И садници им даваме бесплатно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во акцијата што ќе продолжи и во наредниот период на површина од 30 хектари ќе бидат засадени 50 000 садници.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Четири илјади учесници засадија пет илјади садници црн бор, чемпрес, кедар и багрем.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Прво копале големи дупки, а потоа во дупките пикале садници од разни дрвца, а најмногу елки, големи колку педа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Месец два како да траеше зимата, југот што не можеше да се види, туку само да се насети, топлина распосла насекаде и токму затоа Пелагија ја пронајде управата на шумското и набргу се најде на падините на Водно како копа дупки за нови садници заедно со Танаско, со синот на Борис Биџов, со други бегалци а и со по некој Циган и Шиптар.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Земјата и садниците испуштаа малодушен глас што можеше да се слушне додека ја впиваа влажноста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во предниот дел имаше неколку стебла јоргован, чии садници беа донесени од нашата куќа крај Езерото.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)