сакрален (прид.)
Црвеното - белото - црното како основна компонента во составот на светот (?): Во културата на Тера Амата (ок. 23.000 год п.н.е.) е забележана истата тријада со потврдена сакралност во таа култура и карактеристична (не само на визуелен план, од аспект на впечатливоста на боите во оваа комбинација) сосем можно, за homo sapiens воопшто, што делумно се потврдува со сликарството на горниот палеолит; освен тоа: некои римски обреди, во кои на боговите од трите видови им се жртвуваат животни со црвена, бела и црна боја на крзното; некои хетитски ритуали за повикување на духови (духовите се појавуваат од црвениот, белиот и синиот пат). куса забелешка: модро - сино - плаво: Словенското „модар“ генетски корелира со литовското madaras со значење на „нешто валкано, нечистотија“. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 105
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Затоа и атеистите од романите на Достоевски, излегувајќи од потсвеста во борбата со Бога, посегнаа по црковните сакрални објекти, на нишан беа иконите, фреските...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се уриваа храмовите на трите религии, се кршеа крстови и плочи на христијанските и муслиманските гробишта, се разнебитуваа сакралните симболи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во трагичен и гротескен колаж на извлечени сакрални делови од верските храмови од трите вери, со цитати и плакати, со содржини со кои се одречуваат душата и верата, и овде се допира трасцендентното, централно прашање: што по смртта на човекот?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Вие би рекле:
алегорија на заборавот и сакралноста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И ќе се случи овој исклучителен човек и оваа исклучителна жена да имаат син меѓу нивните деца, кој ќе може да го почувствува и да го пренесе со толку голема суптилност и длабочина овој речиси сакрален простор што тие успеале да го создадат среде силните немири на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
3. Горниот свет
Неартикулирана камена композиција
втисната на Гарван, черна древна птица
затскриена зад брезите, дабојте, черешните
меѓу трепетливиот и див отсјај на небото
двосмислена како поетски знак
и живописна
а ние -
недораснати да ги разбереме
мегалитските, сакрално елементарни
глетани семи на минатото
само ги посакуваме, и -
приседнуваме на Плочите
небаре во неправедно студениот
скут на Господ
кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу
во подземјето полно мицелиум
и ехо, ехо од Ум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зборот чинија го водеше кон сознанието дека Османлиите ги користеле керамичките плочки за декорирање не само на сакралните објекти (џамиите, турбињата) туку и световните градби (во многу одаи на царските хареми, во разни фајансови павилјони.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)