салфетка ж.

салфетка (ж.)

Особено тој настојуваше, штом ќе седнеше на маса, околу било што... оддиплувајќи ја салфетката...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Четири нозе (една меѓу друга под чаршав) како есцајг во салфетка.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Зеде една салфетка и почна да ги брише, а потоа истото го направи со приборот на нејзините деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ќе му направев ваква супа, по три чинии одеднаш голташе... - на ова и тетка ми Олга не издржа, шмркна и со салфетката пред неа исто така си ги избриша очите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетка Олга се направи дека не го сторила тоа, го исекна носот во салфетката, а потоа ја фрли во празната чинија пред неа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во тој миг судијката удри со дрвениот чекан на кружната гумена подлога што стоеше на масата, веднаш до бокалот со вода над кој беше распослана салфетка во розова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веднаш до Стево Трајчов седеше Авни кој постојано гледаше во мувата што подлетнуваше и пак слетуваше на салфетката со розова боја распослана над бокалот со вода поставен на масата пред судијката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја кренав главата и над сивите кадели магла ја видов судијката со необично бела и несредена коса пред која стоеше бокал покриен со салфетка во розова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)