самарче ср.

самарче (ср.)

Митра, бесна од Илковата блага постапка спрема Доста, секој ден почна да ја дразни и предизвикува. A кога Доста ѝ се фалеше со Стоја оти ќе ѝ го „потполни самарчето“, одговараше: — Море бре, со шо ќе ме плашиш!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ми е живо коњчето, та какво и да е самарчето, ќе ме носи! — зборува Бојана и ја бели жолтата грчка волнена шамија, продолжувајќи: — На Вилка ѝ „навеза“ Ристе, да му даде господ илјада добрини ! . .. Море, море, море! Со злато не се докупува вој Ристе мој! — почна пак да го фали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ох, ајде братко! Ми отпадна рамово!... - го подгони оддолу друг работник, свиткан до самите скали, под товарот на тулите, поредени врз дрвеното самарче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во богатото и разнородно книжевно дело за деца и млади на Ванчо Николески, во недоброј убави и толкупати недоречени и незавршени страници од писателовата идеја и мисла, по неговиот знак на препознавање „Волшебното самарче“, секако и романот „Гоце Делчев“ е во редот на оние негови дела по кои ќе го познаваме и помниме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Кога одеше во Струга, во самарчето од коњчето носеше писма кај чичко Талета, а кога се враќаше ваму, одговор. На Трајчета сега му стана јасно.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Нека влезат и нека го донесат Волшебното самарче! - викна однатре командантот Планински.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој ден Трајче го зеде секирчето, влезе во ќералчето, му го кладе самарчето на Дорча и викна: - Мамо, мамо!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)