санким (прил.)
Последниј ѓумрук, што е немилосердие, санкиј кој не е милостив и кој е срдит.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Море ти реков, нека ми го донесе мене господ со здравје детето, та со тоа што се нашло ќе го женам. Пак санким не се купува!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Санким малку беќари ги има, та не ќе си најдеш друг да те засака.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Санким тој е прв или последен што си нашол друга! Ти најди си друг!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Каде те слушам кај што говориш, санким мед ти тече низ устата. Блазе!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
— Санким сега ти е севте. Шо зимаше за нашите, ќе земиш и за воа, и воа е наше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И затоа, кога Доста проговори, санким „царска ќерка се родила“, Митра веднаш се фати за пиштоли: — Уууу, невесто Досто! Кој ќе чуе ка ќе рече!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Санким со нас раатот ќе го видат, та без нас маката?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А кога солзите и плачот ќе им ја затапат болката, редат тие во темнината, изустуваат само понекој збор, санким се наоѓаат на разбуд...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Како санким на нив татко им да им ја пишал!...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Шејтановидното старче одговори како санким прашањето да го очекуваше: „Ене онаму над мостот, преку онаа другата река, да ѝ ебе пес мајката...“, рече промламуштувајќи уште нешто нечујно што во превод за Едо значеше „и нејзе та и вам кои кај неа доаѓате“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)