светкав (прид.)

Намуртено гледаше пред себе со очи под полуспуштените клепки и ги криеше светкавите зеници пред љубопитни погледи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се стемнуваше. Помеѓу сивите куќи на мојата улица лилавиот долг правоаголник на небото се посипа со предалечен светкав зоб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие негови чести забелешки ме натераа директорот на гимназијата да го гледам како дибек во широко, црно палто и во риги црно-бели панталони: дибек - со окалки на остриот како молив нос под кој висеше правилен црн квадрат на светкави мустаки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Големото око на таа колона се заситуваше од едноличности и го впиваше погледот на долгиот жилав тил, во грбот пресечен со светкави ремени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Брзо, со страст на гладен портретист, ги студираше модрите сенки на обрастените лица и се чудеше на неверојатно светкавите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зениците се светкави, врели, ѕвездесто распливнати во зраци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Златните дамки во нејзините светкави очи страсно потемнеа, се згуснаа во грозд на чедноста и не беа грев; беа зрна на опиеност, семе на непознат плод.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се згрчи зад куп тули и остана неподвижен и самиот како дел од сивите урнатини, безобличен на круговите на џебните светилки, за подвижните светкави дамки зад него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лузните на светкавата черупка беа помодри и подлабоки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Подмолно ме гледа низ светкавите клепки. Се обидува да изнајде што ѝ готвам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неголема црна и немногу густа брада, онаква каква што можела да ја има некогаш, во подалечното минато, некој велможник под чие чудно око се градел овој или оној манастир , широки подочни коски, светкави заби - таква беше живата икона во рамката на вратата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ништо од сето тоа не барав. Не можејќи да си ја објаснам желбата, очекував да го видам гривестиот белец и да му се доближам, со дланки да ја избришам крвта од неговите светкави влакна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеш да се определиш кои се најубави - црвените или светкавите - сребрени и златни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се сетивме: таа остана врз пултот со картите, фрлена покрај мазните и светкави инструменти.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
17. Доколку се ѕирне внатре, се гледаат светкави синобели длабочини.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја здогледав светкавата палата, која на бледата месечева светлина личеше на мижуркава ламба, а потоа ги здогледав прозорците и балконите на кулата. 94.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Малку потаму (секогаш потаму) еден галеб од песокот исчепкал светкави камења.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја здогледа светкавата палата која во бледата месечева светлина личеше на мижуркава ламба; ги здогледа и прозорците и балконите на кулата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Повеќе