свикнува (несв.)
Очите полека свикнуваат на темнината, полека во нив се палат искри - влага на неврат, далечен спомен покриен со копрена на живот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А сиот свет, што уште можеше да биде негов, беше еден блед, бескрвен свет на победен, еден непознат свет, на кого мораше допрва да свикнува и да се помирува со него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговото тело свикнуваше да прибере само толку сили, за уште еднаш да се зададе во уште еден залет на тоа пеколно пробивање, превиткувајќи се и цепејќи го тесниот премин низ сета непроодност на сивиот ѕид на угорницата, по која пред неговиот поглед почнаа да му се испреплетуваат и некакви синикави кругови, недофатливи, ужасно изгаснати и вртоглави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имено, потковичаните, дојдени или доведени од сите краишта на Македонија, лека полека се свикнуваа едни на други и лека полека ги прифаќаа, како свои, традициите на староседелците: почнаа да им се придружуваат во чествувањето на светите води и места, ги прифатија обичаите сврзани со Латинска Црква, го прифатија Свети Никола Летен за заеднички селски сведен, а Турците се однесуваа како сето тоа да се правеше во нивна чест.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Отпрвин е тешко: мораш да ги затнеш ушите со прсти или со памук, но подоцна се свикнуваш и пукотот само ти го затрега и тресе ушното тапанче.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ако свикнувал со мислата за смртта во текот на сиот живот, помалку би ја барал светлината на крајот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ова семејство беше речиси истрошено од непредвидливите селидби, од судбината секогаш да се свикнува со нови дотогаш непознати луѓе со нови обичаи, со оставени блиски, куќи, ниви.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)