свиреж (м.)
Попусто молеше за помош. Од свирежот на ветриштата никој не го слушна.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Веќе ја распознаваше неговата свирка, но сега тој се обидуваше да го научи да го разликува – остриот, краток свиреж: „дојди“, долгиот, развлечен: „ти носам храна“; два едномерни – „подигни се“, при што змиулчето ќе ја извиеше главата и горната третина на телото и одлепено од тлото, се нишаше лево- десно.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
По некое време тој одговори: „Свиркањето негово ме потсетуваше на свирежот на гранатата што падна крај мене и ми ја однесе ногава...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
По три дни, го видовме како занесено свири на свиралка изделкана од врбова гранка, чекори како да чекори кон небесата, се крева ко да го носи морско ветре и го поткрева од земјата, а по земјата, занесени од свирежот, лазеа безброј змии, со кренати глави кон свирката и кон очите на нашиот другар.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Архирабинот го испраќаат со свирежи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Зад нас загрме силен свиреж, како карање или пцуење, веројатно затоа што возим по средината на улицата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нив можат да ги предизвикаат само театарски адоранти налик на оние што ги истакнувале вредностите на пиесата на Виктор Иго „Ернани“, што го исвиркале „Галеб“ на Чехов, што со стиснати тупаници му се заканувале на Мерхолд оти им го упропастил Гогољевиот „Ревизор“ или, пак, налик на оние кои извиците „Браво“ од задоволната публика ги заглушиле со силни свирежи упатени кон тенорот Роберто Алања по завршувањето на романсата на Радамес од операта на Верди, „Аида“, изведена во Миланската скала.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но не ќе се врати човекот чие одминување го најавуваше свирежот на возот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Свирежот на возот одекнуваше, низ карпестите предели, Со забрзан чекор избезумено се стрча!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Долг митралески рафал. Над земјанките - свиреж на куршуми.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Прсти пикна во ушните шуплини и стега за да не го слуша заглушувачкиот и развлечен свиреж на ѓулињата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Заплака со лелек, плач и липтеж на мајка којa изгуби дете и свиреж - извик извишува до врв планина, изговара се што в душа се крие, се стишува, трепери во воздухот и стивнат легнува врз меката трева...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)