свиреп (прид.)
– Ако имаме касмет да стигнеме до него, колај ќе ја разбистриме сета работа – им велеше попот на другарите -ама не верувам. Не нѐ остава тој пес кадијата; ќе нѐ расипе уште во Прилеп – со право се плашеше попот, знаејќи го свирепиот карактер на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Барем смртта да не им биде толку свирепа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јас да сум на местото од кадијата прво живи ќе ги одерам, после ќе ги печам, ја одобри Јунус-бег свирепата постапка, жалејќи се во себе што не се сети да му предложи на кадијата прво да ги одере, па после да ги пече, бидејќи тој му предложи да ги погуби на клада.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Процесот на трансформација на природните состојки, полнењето на животинските тела, се фасцинантни задоволства, врвен општествен обред што му импонира на новокласниот сопственик на ресторанот, свирепиот* Крадец.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А волшебно е да се патува низ неа како низ едно примитивно општество на утрешнината, сложено, измешано во неизмерен промискуитет, општество на свирепи ритуали, но полни со убавина во својата површна разноликост, општество на една тотална метасоцијалност со непредвидливи последици чијашто пак неизбежност нѐ опчинува, но општество без минато низ кое би се одразило, и коешто оттаму суштински е примитивно...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Оти кажано е: кога гордоста ја почитуваш, таа кон тебе свирепа е и сурова, а ако само собереш сила да ја презреш, ќе ја скротиш. Но јас сила таква да му се спротивставам – немав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во однос на раскажувањето на масакрот врз козите, со споредбите на епизодите од романите на Рабле и на Волтер, вие ја споделувате мислата на Едгар Морен кој, на презентацијата на Козите во Сенатот, ќе истакне дека во книгата нема свирепи, омразени ликови, како во западните романи, но авторот ја следи основната идеја, козарите да се трансформираат во пролетери и според логиката на настаните ќе дојде до пасивен отпор на козарите, до нивната бела револуција и на крајот ќе следи нивната ликвидација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не постојат јагули што не поминале низ утробата на песна (карпине од западниве планини поминуваат само низ бакарен залез) Инаку што ќе претставуваа свирепите беспоштедни талкања и авантури на јагулите по студените води високо високо (низ каменото планинско грло), кајшто рожбите на тајните ги убиваат сестрите тајни.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ова се случувало на празничните денови на Римската империја, но во денешни времиња човештвото осудува на мачеништво и свирепа смрт милијарди животни, размислувал утешно стариот Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека другите ученици нашироко дискутираа за посетата на Ќеле Кула, за тоа колку било морбидно да се гради кула со човечки глави, за свирепото стрелање во Крагуевац, Рада и понатаму беше во својот филм како главен режисер и сценарист на нештата што ѝ се случија, на почетокот од патувањето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа што власта само зема, затоа што е алчна, лакома, свирепа, бесчувствителна спрема сакањата и прижелкувањата на малечките и беспомошните, сиромасите, осамениците и немоќните.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)