своето ср.
свој прид.

своето (ср.)

Дури су била за таткова и мајкина куќа — су била; сега брате секој си го сака своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста ми е воа шо го знам. — И си остана на своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И огнот го направи своето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Знаеше дека е уште далеку од работ на таа извишена шума, но тоа беше единственото, на што уште можеше да продолжи да мисли, додека волците си мислеа на она своето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Општата нечистотија, сиромаштијата во која тонеше домот најпосле го направи своето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во светот почна студената војна, малку години по заедничката борба на голем број земји против фашизмот. Историјата го чинеше своето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми остана на своето, а мајка ми повеќе не инсистираше, па тргнавме сите заедно кон козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова партиските кадри задолжени за козите ги доведуваше до бес, но козите си го правеа своето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
До кога ќе си тераш по своето. Сега малку зборуваш, ама длабоко апеш...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но човеков нема ништо со овие „јаничари“ чиј татко пишува за нивната историја, но синот- наратор до крајот си останува на своето („А што се однесува до мене, јас одненадеж ја почувствував потребата во оваа проклета балканска крчма да одам докрај во разговорот, небаре најден во ринг во кој се разменуваат идеи како смртоносни удари.“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Средбата на погледите им беше дрска: Марко изразуваше сомневање а Су остануваше на своето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Времето го прави своето. Јас не го правам моето за тебе.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кога влегувавме со подавалникот во чардакот, подзастанувавме подолго за да доловиме повеќе од разговорот, но строгиот поглед на Татко си го правеше своето. Ние мигум го напуштавме чардакот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски инсистираше на нови наслови, но Татко остана на своето нагласувајќи: Ако ја најдеш книгата на Вајсман, тоа е како да донесеш цела библиотека за јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)