седефен прид.

седефен (прид.)

И не држам на дланка птица како во детство... Држам седефена дршка на нож.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Слушај: ноќе носам на својот колан нож со седефена дршка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А кога тој ветрец ќе умре, ноќниот небесен жнеец сиот претворен во седефен срп, силен и напнат од нагон во 'рбетот, ќе се заплетка во влажните коси на врбите, ќе ги испие од белата кора сите сокови и лудо опиен ќе потоне во првиот вир. Тој, жнејачот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ножот со седефена дршка го зеде за една волнена фанела таму, на тулаана; дојде да работи пред да го продолжи својот живот по онаа врвица на која сврши последниот чекор на татко му.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пашата го крена седефениот мартин. Одекна истрел.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не се смеев јас. Сенката (гревот) се кикотеше. Слушај, ноќе носам на својот колан нож со седефена дршка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Тој мој пријател беше дете во своето вохитување од ножот со седефена дршка и од моите мускулести раце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Плаќав и без поздрав го напуштив плашејќи се од својот нож со седефена дршка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)