секавично прил.
секавичност ж.

секавично (прил.)

Секавично почна да прска сѐ околу него, да испарува, да го обвива во сиви крпи магла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сврталиште на смртта и гробница на несреќници, - секавично му мина мислата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мислеше на тоа и на сите движења, што требаше да бидат сторени секавично, а сето време не престануваше да ја држи пушката насочена кон онаа карпа, постојано свесен дека неговата миризба, што се искончуваше по белото пространство пред него еднаш ќе се засуче како фитил и сега, или во следниот миг, таа ќе стаса да се вотне до задреманата свест на ситиот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој момент Турчинот секавично го извади револверот. Се чу истрел.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Колку секавично поминаа деновите од летниот распуст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Лексиконот, мајчице мила...“ низ телото секавично ми минаа морници.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Секавично помислив што треба да речам, за да го смилостивам. Да се инаетиш - не помага.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Лифтот секавично се спушти во приземјето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секавично му помина низ главата помислата дека човеков или е влечен по скалите надолу или просто е турнат со што бил докусурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само тој грев да не го направам, секавично помисли и во истиот момент виде како Лигушот со двете раце се пресегна да ја отвори фиоката од масата пред него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Патуваш по границите рани, странични на вселената – изведена смисла/свет а таму душата лебди, бдее бедеми бедни та раскошни со плимата плиска со осеката секне секавично и ведно гледаш и мижиш во длабините и самиот длаб на етерот бладање, сон на сенката светилник на помрачението блаженство во јадот страст за питие смрт и заборав за лага и заблуда за облик, опиум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И неочекувано откривам како во мојата замисла Виктор наеднаш ѝ приоѓа, како со еден зафат на раката ѝ го откинува десниот ракав, а потоа секавично неговата рака повторно се крева и сета десна половина од фустанот останува згмечена помеѓу неговите прсти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој секавично пресмета дека три од длабоките чинии од новиот сервис веќе се скршени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Каде му е мистериозноста, секавично се запраша господинот Гроздановски, но немаше време да бара одговор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)