серпентина (ж.)
Серпентините стануваат сѐ поостри и патот сѐ подлабоко завлегува во падините на Карпатите штом тој се приближува до Синаја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Луѓето ретко се решаваат од Јесенице во овие дни да минат во Австрија, зашто патот води низ врвовите на Алпите, и може секогаш да изненади магла, дождот, па и снегот, и тогаш во оние кривулести и стрмни серпентини не е воопшто пријатно патувањето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пред да се влезе во неа патот извива по угорничави серпентини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А животот сепак претставува совладување на серпентини.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Неказнето по серпентините! Зарем не рече така? - му се обратив на Б . С . - Да, ми се чини реков. Но не мораш да ме цитираш.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
По некое време, по серпентините на планината откај поголемиот град, се задаваат фарови во движење.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)