сивило ср.

сивило (ср.)

Пуст, сив, студен крај. Во тоа сивило почна најголемата битка, што сум можел да ја замислам во тие години.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сивилото, со кое денот полека поминува во ноќ, уште не паднало по врвовите на дрвјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ништо. Само едно сивило над кое поминал пожарот на староста и ги изгорел боите и сигурните линии.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа долго и без цел се влечеа низ сивилото на улиците бесмислено загледувајќи ги минувачите в очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Далеку, зад или над планините, татнат ви сивилото копита на невидливи џиновски коњи, молснува под нив за миг остра белина...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зад напластеното сивило, ликот на еден Фројд стануваше нејасен и тој, Иван, почувствува дека совршениот механизам во него се руши со татнеж, дека тоне во црна недогледност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со доаѓањето на есента сивило се вселува во нивните детски срца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Кога навикнавме на таа едноличност, на тоа сивило, вторникот во бавчата се раздени добиче што тонеше в земи, слепи близначиња шетаа по дворовите и пееја, и така, Ноќта ми се пристори некоја небесна тишина во која не се слушаше ништо освен оној вечен звук на земјата дури се врти.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, кога се живее и се работи во него, малку е поинаква состојбата, веројатно затоа што човек се втопува во секојдневното сивило на овој град и станува една незабележителна честичка на неговото цело и затоа што со сите парижани го вдишува загадениот воздух, кој се испарува од трите милиони коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Слушав од овдешните луѓе дека карневалот се одржува во февруарските дни со цел на луѓето да им се овозможи разонода и да се разбијат и отстранат и по овојпат „духовите на зимското сивило и едноличност“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Париз и лете и зиме е оној Париз кој може да се сретне и почувствува низ неговото секојдневно сивило, со безбројните автомобили кои овде особено во неговите центри, го загадуваат воздухот и затоа тешко се дише.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нас нѐ прелетуваат гаврани, гракаат и се губат зад меѓите, во сивилото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ко дупка, ко пукнатина во сивилото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Врз полето легнуваше магла - почнуваа тешките и невесели дни на предзимското сивило.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Избројав во сивилото единаесет орлишта и слушав со горчливост на тага во стомакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И споулавен, некако се спроврел низ трупови и урнатини до грмушки на ридишта од кои со запалени очи гледал како аскерот ги докусурува ранетите востаници и ги закитува со пламен куќите на Негуш, потоа со камшици и кундаци да ги гони низ февруарско сивило пленетите жени и деца кон пазари на бело робје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дрвјата се протегале како лузни во лилавото сивило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе