синее (несв.)
Имаше и големи црвени печурки на кои децата седеа наместо на столчиња, а во средината на дворот се синееше мало езерце од кое децата црпеа вода и ја пиеја.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На ѕидовите синееја арабеските, тие бројни слики на источните лавиринти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Му ја стави в уста, а тој влече и гледа во високото небо кое во партали синее меѓу врвовите на буките, часкум губејќи се над густежот на гранките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)