синопсис (м.)
Питер Гринавеј The falls (синопсис, 16 мм, 1980.) Вовед Деведесет и две личности во овој филм имаат презимиња што почнуваат со буквите FALL.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Снимките на тривијалните разговори и озборувања што кружеа по Фектори беа исчукани и средени од Боб Коласело, а резултатот на тоа беше книга како некаков компромис помеѓу Глас на Дерида, поради редовите на рефлексивна проза во неа, и синопсис за некаква сапунска опера.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
После ќе гаташ над моите рецки
над испрекинатата линија на судбата
срочена во 64 хексаграми на енигмата
а тој ќе вметнува во ребусот по некоја
права, проста, прозна
и позитивна цртичка.
Машки синопсис!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За да ѝ одговорам на нејзината љубопитност и на некој начин да го дополнам нејзиното истражување, ѝ пренесов еден мал синопсис за можното продолжување на книгата под наслов Враќањето на козите, но и приказ на настаните во Македонија, за време на транзицијата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во сепарето на демократијата
ќе го читаш синопсисот на
неоколонијалистичките
метаморфози - како се преобразува
терорист во херој.
Софистицираното зло над народите
е симбол на високоразвиените
демократии.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)