синор (м.)
Го најде својот самјак многу доцна, дури на последното легало, за кое знаеше, во една шума што се паѓаше веќе во некој туѓоселски синор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Полчивци и Дунчани се караа за синорот Раково и Рамништето и сто години цели борби водеа чија стока да ја пасе тревата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Пусто време што носи, вели Мисајле Ковачот, напред овдека се каравме за синорот, вели, сега се бараме за друго.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ни говедо, ни коњ, ни крава, ни теле, ни прле, ни магаре, ни здивка ваша, ни поглед ваш да не преоѓа преку оној синор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- А знам, вели Мисајле Ковачот, нему ливадата му падна во нашиот синор, кога клававме межници.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зошто знаете какви се Турчиштава, на чиј синор ќе се најде убиениот, тамошните луѓе оддеваат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А ти, ако стане за потреба, ќе му дадеш и ветување дека лично ти ќе пазиш да не му се случи ништо лошо на наш синор.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа заповеда првин Амди ага, потоа Лазор Перуноски, потоа Ордан Бришкоски, секој од своја страна да му удри на Симиќа по гол газ рамно по петнајсет стапови, а потоа да го исфрлат што подалеку од синорот на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Додека прислужникот на училиштето влегуваше и излегуваше да донесе кафе и ракија за честење, Комисијата ја објасни целта на своето доаѓање; кажа дека треба да изврши проверка на местата од овој пограничен реон: да се одбележат синорите, да се изврши маркирање на теренот срамнувајќи го со картата во која е уцртана границата, односно да се изврши разграничувањето меѓу двете држави.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Значи селото се местело на три локации, и секојпат или некое било меѓу првата и втората локација или некој трап, важно не се бегало далеку, се останувало во еден синор.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сега ќе мора да му пронајде вистинско место каде ќе му ископаат гроб, некое сепак повисочко отколку што беше самиот вагон а кое нему не му се пикнало во очите додека го премерувал синорот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Летото , ми се чини, ни го украде детството, ни го расфрла по синорот на селото, по салашите, по нивите и каналите, по вагоните од селото до Сомбор, по патиштата до Ригица, Станишиќ и Бездан, по веселбите и приредбите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нели, дури ни магарето не поминува многу лесно преку синорот во туѓа мумуруска.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Еднаш, уште пред години, крв беше паднала за таа иста вода“, рече тој колку што е можно поговорнички, „кога сопотскиот старешина, со помош на луѓе од Реснанскиот сарај, за рушвет, се обидел да ги сврти изворите кон нивниот синор. Тогаш, а камоли сега!“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дончо, исто така заради долгата и голема прошетка по синорот на Острово, засвирка низ носот во леглото крај баба си, додека таа, Митра, долго не можеше да ги напади зборовите на Чана од својата глава дека сака уште некое дете да истисне од својата голема снага.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ех, кутриот тој! помислуваше. Стигнал ли до синорот?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сонцето качено на огнена колесница што ја влече зелена раскрилена птица го исмејува на заровите блескотот А тие од лутина трескотат трескотат по синорите на таблата. Ликува со трескотот раката на маестрото. *
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)