скапе (св.)
Мајстор бев и устабаша мајстор бев - станав чираче: за борч продадов дуќанот за борч продадов алатот - с две раци сум, и тија две скапаја сѐ без работа! 7.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Скапа, па го ставивме во градината на еден колец, да ги плаши страчките.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ако те превари некој корен да зацрвени, везден ќе се туфкаш: леле, леле, што ме најде, ми скапаа патлиџаните!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Неговите искази беа со нагласок на фактот дека со неговото враќање во Југославија тој би бил изложен на антирежимски и натикомунистички третман. Ќе скапам по затвори, повторуваше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќе скапеш како пес, ќе смрдиш и ќе исчезнуваш
и пак нема да се откажеш од мене,
од тебе обележана, ѝ велам јас.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Да опљачкаш трафика ќе скапеш 20 години робија, а да опљачкаш држава ќе те наградат и у парламент ќе те пикнат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа ќе скапе, ќе изгние.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)