скелет (м.)

Личеа на расчеречени скелети од некои огромни, препотопни животни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пораскоси наоколу и го виде целиот скелет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од сеништата бегам кон сеништата стасав претворен во оној долап што беспрекин се врти и чека да заросат води и браздата да вјаса и скелетот на тркалото повторно да сее пее и 'рти.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сѐ се потпира и се држи за ’рбетот, вели, ’рбетот е темел и скеле на скелетот, гледај да не ти пукне жолчката, вели многу ќе горчи месото, вели Лазор Ночески и само сече, го дели месото, го складира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се ближам кон куќата, и леле, цело скеле, целиот скелет ми се ниша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Редици црни скелети чекаат погрдни клевети, пред вратите преполни ги скокотка гладта на ѓаволовите усни вековни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Планот на париското метро ја одредува со својот мондријановски скелет, со своите црвени, жолти, плави и црни гранки пространата но сепак омеѓена површина на исфрлените псеудоподии - а тоа стебло е живо дваесет часа на секои дваесет и четири, немирниот хлорофил протекува низ него со точна цел, ту се симнува на Шатле ту се качува на Вожирар а ту преседнува кај Одеон за да продолжи до Ла Мот-Пике, двесте, триста, кој знае колку можности за комбинирање за секоја кодирана и програмирана клетка да може да пристапи кон еден сектор на дрвото и да се промолкне во друг, за да излезе од галеријата Лафает и да остави пакет со пешкири или некаква ламба на некаков трет кат од улицата Геј- Лисак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Седи на креветот потпрен со перницата на грбот и гледа низ прозорецот: надвор ноќта е темна, опустена без ѕвезди; затворена сама во себе; се оцртува по некое дрво во градината како оглоден скелет; допира грозен глас на петел како фатен за шија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие го имаат точно истиот “скелет”, во извесна смисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислам дека не е, мојот обид да ви соопштам дека текстот веќе е дом, дека во куглата на телевизорот (во која паѓа снег ако се преврти) е содржана целата „куќа“ за која зборуваме, т.е. некаков скелет, некаква архитектонска структура на ред која ќе ни понуди малку сигурност и топлина, како што еден дом и треба да понуди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Капетанот Џон” беше познаник на сите генерации ученици во гимназијата: тоа беше скелет врз чии земни останки ние ја учевме човековата анатомија на часовите по природни науки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Некој жичен скелет (од остатоците на пристојноста) го беше задржал нејзиниот облик и го обзнанува моето слепо пипаво очајување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Едо се чувствуваше толку омрцлавен што одвај ја поднесуваше тежината на сопственото месо врз сопствениот скелет.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Околу скелетот имаше расфрлано пари и едно светлозелено парче стакло, со некакви преплетени букви кои правеа облик на крст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ги сонувам од морето протерани без замена за изгубеното избезумени од промената и предвреме пресувани фосили кога го читам внимателно нивниот ритмичен скелет тој совршен сонет за патиштата сами од себе што се делат и нѐ делат кога се обидуваат да ми објаснат што му претходело на сонот се загледуваат долго во себеси таму кајшто сѐ е јасно од шкргите им потекува крв основната боја на Земјата да не ја издадат тајната на молчењето да изгубат волја да се вратат во својата природна состојба да ја изменат претставата за светот но и за себе затоа што сѐ природно е некогашно во мене прагот на чувствителноста отстапува под скерлетниот пламен на она кое требало да се изговори а согорело под папокот афазијата на говорот станува сеопфатна а мртвата тишина, или со други зборови смртта, на дофат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Иако промени неколку кројачи, а помеѓу нив и најпознатите од Стара чаршија, нему не му појде од рака да стрефи мајстор кој ќе му сошие сако што ќе ја прекрие чудната форма на неговиот граден кош и ќе го поништи впечатокот дека неговото торзо е градено врз скелет од голема птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)