склад (м.)
Еден од марифетите беше и правење „мечка" и играње со неа по селата или пунктовите каде што имаше Германци, а особено нивни складови со продукти.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тековите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што ѝ е нужно време на капка алдехид да се испари.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Горат бензиските складови на крај град, се сети.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се сети на запалените бензиски складови, на високите фонтани, на истрелите во ноќта.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Кој ги запали бензиските складови?“ Удари, удари...
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ми се колнеше дека лично го украл од англиските складови.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Оваа убава дама пушеше на улица, но и пушењето беше во склад со носењето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се печатат, ама голем дел од нив лежат неотворени по складовите на издавачките куќи, по рафтовите на библиотеките. Ги јадат правот и влагата.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Овдека, во горниве одаи, а во склад со своето сфаќање на спахиското достоинство, агите, одлачени од семејствата со тесни, речиси вертикални дрвени скали, во мир и тишина го благуваа својот живот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бодлер доживува слична состојба и кажува: „Нотите стануваат броеви, а ако имате и малку дарба за математика, мелодијата и звучниот склад што го слушате задржувајќи ја својата сладострасна и сетилна карактеристика, се претвора во широки аритметички операции во кои броевите раѓаат броеви и чии фази и настојувања ги следите неверојатно лесно и снаодливо, токму како изведувач”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Со познавањето на нејзиниот запис, можеме во склад со „теоријата на единственото поле” да влијаеме на половиот организам со такви физичко-технолошки постапки што се во склад со идентитетот на за половоста релевантните супстрати и на нивните законитости. okno.mk | Margina #22 [1995] 111
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Архитектурата на Хундертвасер е во склад со постмодерното и постиндустриското време, со враќањето на човекот кон природата, со дефинитивното сознание дека човекот е само дел од таа природа, а никако некој над-организам, суштество кое може да живее надвор од својата природна околина и кое претставува централен субјект. 122 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Нападот не ќе беше во склад со неговата личност.” •Не би требало да се заборави и стариот весник што се провлекува низ чамецот, и со кој се послуживте за вашето ритуално појавување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тоа беше некој вид склад за фрлени предмети, веројатно собиче во кое чистачките го оставаа приборот, заборавено место какво што постои во сите стари куќи.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
LXXIV. Припадниците на споменатата вера во иднина нема да можат да бидат дополнително обременети со ниедна обична или посебна задача повеќе од католиците, и тоа во склад со својот имот и способности. (...) Објавено во Нант, во месец април во милосното лето илјада петстотини деведесет и осмо на нашето владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Постои потреба за простор кој овозможува слобода на движење во склад со можноста личноста да одржи рамнотежа; и потреба за друг “простор” во кој човекот би можел да ги насочи мислите на она што го работи, без пречки.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Јасноста делува во склад со своите вечни закони со помош на симболи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)