складен (прид.)
Кога ја гледал од подалеку, му изгледала убава, складна средна дебелина, но кога ќе ја видел одблизу, впечатокот го менувал, се пишманел.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога односите во семејството веќе не се складни, имаме приврзани деца и посветени родители.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Би се рекло складна поврзаност на внатрешноста и надворешноста.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Јас велам дека многу е важно какво е нештото и по изглед, како е наместено и подредено и дали има складни мерки за окото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Небаре врела вода на врел воздух
искрснува, питома ем складна
змиски устремена, како што ѝ прилега
кога на-една-душа го шмука сиот живот
себеси за да се надмине
да го усоврши чинот
- самоволието!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Монашки нишан:
сведоштвото на Лука Блажениот 29
„Има нишани што ги следиш
од рано детство
без да знаеш зошто:
- се будиш предзори
додека сосема не се повлекла
глувата сенка на ноќта
кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички
сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи
во запрепастувачки складен
и топол мозаик, во фрески
по ѕидовите, по подот, на сводот
и сеќаваш
кревкото, кршливото
порозното, обезличеното
се преобразува во својата виша смисла
и ти се обзнанува:
ни еден слом не е алогичен!;
- тукушто си пркнал
уште дете, стануваш аскет
и заминуваш незнајно каде
само (посакуваш!) да биде тивко, молебно
створено и од природата, и од човека
за деноноќно бдение
за созерцание, вертикално понирање
на веда - од небеса до подземи
за живеење со жиг и жедба на монах
ни горе-ни долу
повеќе таму, одошто овде
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
19. Велес, колцето негово Во домот на Рацин А еден ден во нејасата измаглина се подадоа неговите раце од пресушената грутка од изронетата во заборавената темнина Дамнешни кристали растурени по почвата земна Линии складни во воздухот ги обновуваа некогашните форми дури се будеше мемлата од тркалото Со нив почнуваше земјата да се врти околу зборовите изречени во невреме И пладнето повторно ја воспеваше глината што се раѓа во неговите дланки и сите крикови несекнати и дални и кликот небесен и сончевиот оган нараснуваа во благото тесто на ломната материја на надежта Израстуваше од неа зборот во светла преобразба Зрачниот хоризонт пак над чардаците ги прибираше помнењето и смртта со затрчаноста на водите и времето
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Задникот ѝ беше тврд и складен, со крушкаста форма која благо продолжуваше во долги бутови.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)