склучување (ср.)
Седнавме и напишавме писмо до ЦК на КПГ. Баравме одобрение за склучување на партиски брак.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сепак, единаесет години подоцна, со измената и дополнувањето на ЗРО (2005), од август 2008 година, беше избришано ова најнетранспаретно непосредно обезбедување работник од страна на самиот работодавач – по пат на директно склучување договор (чл. 3, ЗИДЗРО/авг.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Генерално, ова се позначајните новини во оваа сфера: а) прецизно се дефинираа страните за склучувањето различни видови колективни договори, на различни нивоа (општ, посебен и поединечен) – чл. 216-220, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Законодавецот, првенствено, се обиде да регулира формално-правни прашања – како, на пример, постапката на преговарање, договарање, склучување, измена и/ли дополнување, регистрација, дополнително пристапување и престанување на важноста на колективните договори.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Инвалидот кој е оспособен за одделни работи, се смета дека има здравствена способност за 145 склучување на договор за вработување за тие работи (чл. 19, ст.3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот закажува рочиште на коешто на записник ја констатира склучената спогодба која добива својство на судско порамнување – ако се исполнети условите за склучување на судско порамнување согласно овој закон (чл. 308, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Стечајната постапка има за цел колективно намирување на доверителите на стечајниот должник со впаричување на должниковиот имот и распределба на остварените средства [приходи] на доверителите или со склучување на посебен договор за порамнување на побарувањата утврдени со 170 планот за реорганизација, што е насочен кон натамошно одржување на должниковиот деловен потфат (чл. 3, ст.1 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нивниот цврст став дека „нема благонаклоно да гледаат на склучувањето таков пакт во овој момент“ бил проследен и до Владите на СССР и на Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Затоа нивниот став бил против склучување таков сојуз пред склучувањето мир меѓу Бугарија и Обединетите нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Овде воопшто не е јасно дефинирана потребата од постоењето на ваков тип на вработување ако се има во предвид дека во истиот овој став во ал. 2 се предвидува дека раководното лице на институцијата во јавниот сектор може да пополни работно место преку склучување на договор за вработување на определено работно време заради привремено зголемен обем на работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)