скорпија (ж.)
Најпосле, Рибоокиот ќе успее како скорпија да му се вовлече во својата ладнотија во срцето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Само главата како шпиртосана или мемлосана маска била цела, негибната. Во косата, здрвосана како чешел, светела скорпијата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Студ ми лазеше по дамарите, леднина ми се лизгаше по вратот, се вовлекуваше меѓу ребрата и полека, небаре скорпија се лизгаше по недрата, го обиколуваше адамовото ребро, и застана над лакот, токму над срцето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ти си риба, јас скорпија, а некој е овен или терезија, некаде и куќа, гуштер, и така натаму.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Шкорпија
-елегија-
Живот-инка што не би ја зел
никој в скут да ја гали
гал-гал, гуш-гуш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)