скрбен (прид.)
Угреа само в соне, во една замаглена злата, Кога догоруваше и времето и кога и земјата на прсти се дигна скрбно пеејќи врз нашата пепел клета: - За многаја лета, за многаја лета.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Предел е тоа проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат си стои од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Предел проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат, си стои така од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тоа пак они Да го грабнат тоа Што го сонив. бессоница Затвори ги очите: Скрбно.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И откако не успеа да ја утеши мојата болна и до срж скрбна душа, рече: „Освен тоа, не заборавај дека записот не е решен.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Поверојатно беше дека се обидуваше да ме вразуми заради моето недоветно однесување во кое не постоеше речиси никаква почит и тоа во ваков, да го наречам со обични зборови, скрбен момент.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
О каков мир за речите на проклетства и спокојство за жалните и скрбни молби.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Затоа вдахновено проповедај:
едното е поделено на безброј
цареви и арлекини
скрбни и среќни
нееднаквоста е врховно начело
на Целоста, универзумот луминозен
сферичен, фокусиран
нематеријално материјален
а ти кој посматраш, сфаќаш:
генијот е разорна будност на супстанцата
ѕвезден јазол на белузлавото јајце
знак за дослух меѓу телесата
данте, шекспир – параболи!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Настојувале да му дадат израз на тоа страдање и да го изложат пред поширокиот свет на општеството, без да очекуваат тој свет да им ги оддаде скрбната понизност и формалното признание на загубата што вистинските италијански вдовици ги бараат и ги добиваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Потресниот ефект на таквиот неусогласен, скрбен склоп на ужасното и урнебесното е она што ѝ дава особено остро сечило на емоционалната силина на сцената.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)