скришум (прил.)
ТЕОДОС: И отрувачка да ми дадат, да земам! (Ја зема цигарата, скришум го кине врвот и повлекува, се накашлува.) Тхи, тхи, тутун. Ѓубре, труе! ПЕТРИЈА: Малку е серт, куме.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Скришум, кога го полнеше чанчето со вода, за да му го подаде на првиот бригадирец под насипот, Мече налеа вода и во својата направа.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Го разгледував скришум и размислував за промената кај него, пораснат ли е или ослабен?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Па синот се решил за средината: скришум си земал од грнето на татка си додека тој најпосле не го сетил.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Така мислев. Но се повеќе во мракот го барав сјајот на твоето око. Скришум.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој виновно се врти на местото, скришум гледа час во старецот, час во неговата жена која се движи лесно, нечујно, - ја реди табаката, да го почести со слатко.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Затоа оттогаш тој често, и скришум од другите големци во гратчето, ѝ помагаше на протиница во акциите што таа ги преземаше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И скришум ја топи перницата со солзи и нема сили да ги запре.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мислите му беа жолти и лепливи, се кончеа скришум и ползешкум, многу слични на една трева, што ја викаат самовилска коса и што расте по најзаглушните места и најниските присои, едни сосема лесни, тивки, шупливи мисли, токму како таа несигурно поникната тревка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А кога измина сиот тој пламен, оставајќи по себе миризба на испрелена волна од неговото облекло и искрички, што шетаат по изгорените лисја гаснејќи, тој можеше да открие дека пламенот беше го зафатил скришум од него целиот пар, на кого беше запален, и сега веќе требаше многу мака за да го задржи во рацете сето тоа затлеано, трпеливо горење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Откога слегоа долу, во станот, Зоки скришум се искрадува пак на таванот и почнува да го гони петелот надолу по скалите.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Гледам и другарите тоа го прават: жулат со челото на дланките пред себе и скришум ги бришат замаглените очи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Братучедите внимателно слушаа и скришум се погледнуваа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Невенче скришум се обидуваше да ја извади тетратката од црвената шарена торбичка.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Јон ќе појде на меана, а Уља, скришум, ќе дојде, ќе ми донесе иљач.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од Битола идат некои лиферанти, проматари и, скришум, продаваат тутун, ракија и некои лепчиња ко симиче, ко пресница. Носат меѓу ранетите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јон, па, тогаш, многу сакаше, скришум, да ме гледа од пенџере. Така кога перам наведната.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)