скрстен (прид.)
Албанците, гологлави, пристапија со почит, со раце скрстени. Тој час најстариот се доближи и вземи удри очи па прошепна со искрен глас: И везден ти да плачеш, имаш зошто.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ајде, братко, помогаи си и бог да ти помогне. Со скрстени раце нишчо не бидуа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кроеше кадијата, но не седеа со скрстени раце и бунтовничките водачи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Око за око, заб за заб! Со скрстени раце ништо не се прави...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- И мене читај ми, - се вмеша Бреза која седеше крај својата пластична шолјичка „со кафе“ и пушеше „мастика - цигара“ со скрстени нозе, имитирајќи ја во сѐ мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Не можеше да остане со скрстени раце. Мораше да дејствува пред историјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Затворениците седеа неподвижно, со скрстени раце на колениците гледајќи право пред себе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Што можеле да прават Кочовите? Да седат со скрстени раце?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Седнало момчето во еден ќош со скрстени раце како некое сиромавче.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Роза седеше со рацете скрстени на стомакот – беше бремена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Најпрвин посакуваше средбата да биде случајна, на улица, за да ја види неговата покајничка реакција, да му ги види скрстените раце кои молат за прошка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но ние не можеме да останеме со скрстени раце, запрени умови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)