скршеница (ж.)
А Загорка Пеперутката тврдеше дека гипсот не ѝ е ставен за да го потпомогне заздравувањето на коските. Таа немала ниту една коскена скршеница.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Те сакам“ – напиша на гипсот наместо потпис. Скршеницата на ногата ѝ зарасна.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Од 1175 лекувани во нашата болница скршеници на коските имаа 215 лица“.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Отокот и модрилото беа јасен показател дека станува збор за напукнатост или скршеница. - Мислам дека коската е напукната.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ило патеше по него, После неколку дена дознавме дека го истумбал моторот и имал неколку скршеници.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)