скршне св.

скршне (св.)

Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По патот одеа можеби пол час, а по тоа наеднаш скршнаа десно, низ пченките, право накај блатото што блескаше на сонцето среде поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Под тешкиот товар, таа ја мина долгата улица, скршна во неколку мали улици и се изгуби некаде во десниот дел на Скопје.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пред ливадите, на излегување од шумата, скршнаа нагоре да пресечат од кај црквето Арангел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако не беше патчето од двете страни заградено со висока папрат, па не можеше да се скршне ни лево ни десно, во полутемнината, која веќе се завиткуваше околу планината, Бојан не ќе можеше да ја пронајде колибата на дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стрела трчаше, ту пред нив, ту зад нив, некогаш ќе скршнеше настрана и подолго ќе ја немаше, и кога Денко веќе помислуваше дека ги напуштила и се вратила кон колибата, таа ќе истрчаше пред нив, задишана, со исплазен јазик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ги домами војските до Становица над Жиово, скршна на југ, небарем се враќа назад кон Градешница и преку Врпско ја прејде Црна и кондиса во Гудјаково, мислејќи дека ќе се поодмори дури да го побара бимбашијата на оваа страна од реката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некогаш само малку да му ја свртиш браздата, си мислам, само малку да му ја скршниш водата, и плеќите ќе си ги најдеш кај мевот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На враќање назад го заврза коњот за еден трн крај патот и, чурејќи со цигарата в уста, скршна од патот во мртвицата, за да се олесни зад меѓата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има луѓе кои судбината, управувана пак од луѓе, ги обележува за да почне за нив некаков прогон: тој скршнал на некој начин од линијата на животот обележана врз големата дланка на земјата во која живее и станал капитално ѕверче осудено на психички отстрел.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бевме љубопитни и тргнавме по Љупчо. Скршнавме лево од главната улица, па десно зад големата зграда. Таму беа паркирани неколку автомобили.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Првпат беше уплашена за татко ми, да не скршнал во некој свиок на отворените книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па заклучуваа оти е голем партиски фанатик, готов да го види умирањето на своите деца, само да не скршне од линијата на партијата во врска со прашањето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше веќе речиси пред прагот, кога една кола скршна од аголот и кон него впери сноп од светлина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Скршнаа кон собата, следени од звукот на бури и громови, а молњите... сини и ужасни... им ги осветлуваа лицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Улицата во која скршна се спушташе надолу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Да си одиме по пругата“, рече Земанек и јас знаев зошто вели така: во таа општа дезориентираност во тој широк простор, во таа светлина што гаснеше, единствена сигурност да не се изгубиме нудеше пругата; таа водеше некаде, водеше на конкретно место, и гарантираше дека ако се оди по неа, нема да се скршне од вистинскиот пат; мостот нѐ воведуваше право во тунелот, тунелот што изгледаше како да ќе нѐ шмукне, како да ќе нѐ голтне, како да ќе нѐ спроведе на саканото место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А Трајчеица како одвај да го чекаше тој момент и тој негов поглед, влета во неговото молчење со својата приказна иако јас пред тоа се обидов да го скршнам разговорот на друга страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја натера да подзастане пред него и не ѝ даде време да се побуни или да скршне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе