слаткост (ж.)
Во неговата слаткост ги чувствувам поленовите зрнца.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Нашите усни се допреа, и тогаш јас ги затворив очите, а во слаткиот допир на нашите јазици почувствував нешто како ветување дека таа слаткост вечно ќе трае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ноќва за прв пат ти ја подарувам таа слаткост.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема се тргна од мене и почна да се смее со слаткост во кикотењето што се упатува на дете кое не знае да ја игра играта.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)