слеан (прид.)

Ако се допушти за верна таа теорија, ќе биде јасно оти еден народ не секогаш може да устои против притисокот од туѓи соседни народи, а губи еден свој дел во корист на посилниот сосед, и друго, од неа се гледа оти народите можат да се состават од два блиски народа, слеани во едно, како последица на историска неопходност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Армијата наша, народите наши се слеани сите во Твојата сила, Те градиме дружно в Петолетка прва, - Републико моја, мајко, наша мила!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, слеана е во масив на бес страшна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беа неколку татнежи слеани еден во друг.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Обично во запурничавите денови водата стоеше умртвена како израмнета пустина, замаглена и слеана со тмурната далечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, е слеана во амсив бестрашна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас пред тоа ги видов домаќинката и девојката на мојата прва младост слеани една во друга на чардакот и се срамев што сум бессилен и заборавен зад кошот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеше да се најде ниту козле, според комисиските наоди сите беа одземени, убиени при поранешните упади и претреси, преостанатите беа слеани во големото стадо на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Понекогаш му се чини како сите денови од понеделник до недела да се слеани во еден: станување, миење, пиење кафе, појадување, одење во градината, подработување во неа или седнување под борот и втонување во албумот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Влегува во лифтот: каква слеана келија! мисли тој со некаков вид шок што вознемирува и застанува пред таблата со нумерирани копчиња.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тие беа слеани со неа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нив ги сврзуваат, ги обединуваат спонтаноста на доживувањето на „мотивот“, помнењето и обземеноста со него, и така слеани во едно требаше, тогаш, да го искажат неговото јадро, суштината на опеаниот настан - трагичната смрт на Рацин -, за да се обликува целината на реквиумот, на оваа, условно речено, мала, своевидна поема, на нејзиниот сензибилитет, на поетичката структура и јазик.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Не се плашат, се спитомени и слеани со местото и луѓето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вториот е Крсте Чачански, чиишто раскази се како енигми, гатанки и ребуси, како македонски сфинги пред коишто остануваме често без точен одговор, но секогаш обземени од чувство дека нешто битно сме откриле и дека сме се облагородиле во еден миг во којшто се слеани во една целина носталгијата по далечното и задоволството во играта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)