слегува несв.
слегување ср.

слегува (несв.)

Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ТЕМЈАНА: Од коријата комити слегуваат! Од Гумење, исто… Од камбанаријата на грчката црква стрелаат… (Истрели, ура, песни)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
РИСТАЌИ: (слегува и додека стигнува до портата од двориштето со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— „Ајде море да преврла, белки ќе најда некое суво дрво да занеса за вурната!“ — и го потера магарето нагоре. На самиот Трибор ја сретна потерата од десет петнаесет аскери со Сулиман чауш, задишани, разградени, распењавени: слегуваа долу Шопковото бачило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лисјата на големиот орев ситно затреперија од порекот, а меѓу нив една женска глава како да слегуваше пониско и пониско, така што му се стори дека дојде до врвот на оревот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко без да сака погледна во неа кога слегуваше, ѝ ги виде облите коленици и малку над колениците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја прашав каде ми рече уште долу. Рекоа тука е крајот таа рече уште долу. Слегував, Слегував, не стигнав. Од каде почнува?
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Еве, се слуша како ја отвора вратата од претсобјето и слегува низ скалите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Едип слегува во градот, се бави таму со рибарите крај морето и, скриено во пазувата, секој пат донесува по една ортома.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се губеше тој во темно-модрите кругови и од каде што наеднаш му надојдуваше ваква сила: ги витка железата на прозорецот и слегува, слегува по дебело јаже и јажето шумоли во дланките, меѓу нозете и градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Слегуваа од планините со своите воени единици, ги преземаа градовите, луѓето ги пречекуваа како своја војска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Слушнав, - вели Зоки, - но не слегувам. Сакам и овде да е градинка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но Зоки не слегува. - Ама, Зоки, слушна ли што ти реков? – повторува баба му поостро.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тогаш шоферот слегува од кабината, го фаќа Зоки за уши и така го довлечкува до тротоарот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Однадвор пак се чу силно чукање. - Пеки, пеки!45) Сега идам, ефенди! - викаше домаќинот и со брзи чекори слегуваше по скалите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Слегува кроце и претпазливо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Уште не беше се разденило добро, кога Трајче слегуваше по патот што води од Караорман за Струга.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но не слегувал в село. Не верувал дека е догорена плевната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бригадата слегуваше од Караорман. На чело со знаменосецот, бригадата влезе во селото Мацково. Знаменосецот сега беше мацковчанчето Трајче!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе