слече св.

слече (св.)

Ка виде Ило ота Доста му игра, и он се слече! — вели бабата Чочалица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Милка ја лупна надворешната врата, потоа влезе во собата, си ја остави чантата и си го слече палтенцето. Потоа отиде во кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Ако им се подадеш гол ќе те слечат“ (мисли Патрокле).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па, кога попладнето дојдоа дома, уште не го ни слече палтото, тој се поткачи на едно столче и – чуп! – седна врз масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Доне го слече палтото и ја распара поставата. Однатре испадна бело тенко платно, на кое беше напишано писмото.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Евто го слече џамаданот и рече: - Ех, се изморивме!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ако некој продолжи, ќе го слечам гол.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Почнаа да го претресуваат. Му ја слекоа и кошулата, му ги собуја и опинците, ама ништо не најдоа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Бојан не можеше да сфати. Гледаше во Денко кој ја слече блузата, па ја требеше од осилките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако му ги собуеш чизмите, ако го слечеш и тој ќе биде сметен човек. И сиромав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И првиот ден немаше, вториот ден немаше, петтиот ден, пак така, ама после, кога ја слеков да ја замијам, нешто како да ме џишна, као да ме опрли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слечи ги и остави ги надвор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите девојки ги напика во мијалницата и им нареди да се слечат до гола кожа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Туку гледате, ги исфрлиле од себе неубавите, груби капутишта, ги слекле тешките војнички кондури, која боса, која по калци, бели, домашни, која по свилени чорапи добиени на крос-контрите (како награда), - која по гаќички, која во селско шајачно фустанче, која со долги, мили раце, бели, слаби, о боже, некоја што била малечка се извила, заластарила, високо, до небото, друга се смалила, се свиткала, се подгрбавила, о господе боже!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја слеков шинелата и жените почнаа да шепотат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се направив помала, што се вели, и ги слеков гаќите и елечето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дојдоа две полицајки и ме слекоа до гола кожа. Небаре за регрутација.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше толку изнервиран што ја слече топлата волнена блуза, ја фрли, и гол, само во маица, стоеше на сред студената соба и викаше со висок глас, речиси фалсет. Беше ужасно!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Прилично замелушен, ѝ дозволи да ми го слече палтото, а таа веќе вади црн креон од чантата: - Вака ќе изгледаш позагадочно – ми ги продолжува веѓите, избелува образите, ми ја чешла косата зад уши: - До-бро! Сега, создавај атмосфера.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе