слобода (ж.)

Блажени да се твоите богодвижни прсти, тие му ја напишаа на мојот народ слободата од гревното иго.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Да останат вечно спомените тешки за војвода тука што остави снага, за честа што тука во часови жешки бој водеше страшен за слобода драга.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
28. Се прашува, кого го убедија ” Movement Macedonien”, “Право”, “Автономија” и др. во тоа оти се борат за слобода Македонците, а не оние што се викаат “Бугари” и се од Македонија и Бугарија? – Никого.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но освен Турците, по загубувањето на нашата слобода, наши „воспитачи” и господари станаа Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но таквата постепеност има место ако два соседни народи се во нееднакви политички услови, тоа значи, едниот, т. е. покултурниот народ господарува, а другиот, понекултурниот народ е заробен или, најмалку, нема полна политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СЛОБОДАТА: Јас сум онаа за која ти многу често си зборувал, во која си се колнел. Јас сум твојата сакана…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој му проповедаше на народот дека треба да е спремен при првиот повик да излезе и да се бори против тиранијата!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
СЛОБОДАТА: Сети се за твојот долг кон народот и кон мене! (Се изгубува. Влегува чорбаџи Димо.)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Борците наши долу слагаа, долу в полето - рамна рамнина, и за слобода борба водеа, славна Дебарца, Славеј Планина...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода“: „Ајдете браќа, сите содружно, да ги скршиме ропските синџири.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Република! Слобода! в колиби, села огнена пушка збори! Чивлигот гори!!!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тија ми се сите партизани, еве веќе време три години откако се борат за слобода.“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Република! Слобода! - повик се носи, одмазда вечна гори!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Борба те чека, борба за слобода.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Потоа, не можејќи да ја докаже вината на стрико Адам, полицијата го пушти на слобода.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И со тоа Доста го премести својот план на друга страна: да го брише еднаш за секогаш Крчето попово од умот и да и остави полна слобода на ќерка си, таа сама да си одбере друшка по нејзиниот ќев и волја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Дедот Бале си зеде слобода да бара појадок од домаќинот оти Ило му тапоса половина лира а на невестата Менка бела меџудија, та ред е сега да ги нагости и тоа тој што сака — качамак и сланина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш Младотурците рекоа дека слобода носат за секого, комитите нека си се вратат по дома: да живееме сите братски и во слога.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе