слушне (св.)
3 песна Но одеднаш се слушна надвор како некој стапи со еден толку тивок шум: четворица натажени Арнаути, без капи, по селскиот се движат друм.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Мајката, која беше изумена сета, штом ова го слушна, над маката бескрајна своја затажи, припадна клета.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
В ѕидот, пак, ко в кафез птички крилца го кршат тие гласот свој. Ткаејќи, таа слушна плач.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сум слушнал за тебе дека си голем мајтапчија.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Турците ги слушнаа и ги боднаа коњите да ја прејдат барем Црна со видело, а селаните, не знаејќи оти Јован со четата влегува, се разбегаа кој каде види — долу река — горе река.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И застанаа сите тројца да го слушнат Достиниот одговор.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митре ги слушна зборовите од „Бугаринот“, го слушна и гласот и за миг се пренесе три години назад и се најде на колибата во Сува Река.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Песот ги крена ушите; но не можеше да го слушне извикот на овчарот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Добро вечер, Август, го слушна својот глас. Имаш ли нешто да се напиеме.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Луѓето ги овргалија очите кога го слушнаа да зборуваат по каурски.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во тој момент се слушнаа неколку грмежи на двата краја над улицата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овие го слушнаа и веднаш почнаа да ги затвораат дуќаните, да ја избегаат глетката која ја приготвуваше кадијата за сите „неверници”.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Прво ќе речеш добарден, па после ќе ме прашуваш каде сум, - се слушна гласот на мајка ѝ.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тропна надворешната врата, се слушнаа чекори, со тресок се отвори вратата од кујната и, - ете ти го Мирко. - Мамо, лепче!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Постоја така заслушан но другиот глас не се слушна.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Оддалеку, преку ѕидовите, Арсо слушна пеење. Мелодијата полека навлегуваше во него и млачно ја растворуваше тагата за нешто неодредено. Се упати натаму откаде што доаѓаше гласот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Сенкичка мила! - слушна пак Арсо. Човекот се заврте на петици и се нафрли на стомната.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо не ги слушна Павлевите уверувања. Тој презриво ја доближува батериската светлина до омразената рапавина што му застанува на патот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Еден ден, додека ги решаваше своите домашни задачи, слушна: „Темјанушки! Темјанушки! Купете темјанушки“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Потоа седеа, долго пишуваа на друг лист и кога веќе мислев дека ме заборавија, го слушнав гласот на мајката: „Сега убаво пишуваш!
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)