смеа (ж.)

И кога се насити секој, со децата смеа почна; плапотеше сешто.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од сегде претерани смеите војнички беа; кобеа тие на нешто.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— Ами без смеа ти вела, Недо, — почна Крсте со растреперен глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Обично се вели за манџата чмее чудило — нешто за чудење шаит — сведок шака — смеа, шега, нешто несериозно шеј — предмет шепнипокров — шепотење под покров со младата невеста шилеже — ланско јагне шубе — сомнение шупур — чешма со шупурка шутарка — скршено грне, бардаче, ќуп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Не е за смеа, - рече дедо Геро и се сврте кон децата: - Еве што ќе ви кажам: ни ние не знаеме сигурно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Ганка? Насмевката како хармоника се развлече во смеа, стана широка, збрчкана, гласна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И уште нешто: кога циркуската публика не ги пречекува кловновите со смеа и весели извици, ги отпуштаат од служба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И мислеше дека слуша - зелените очи од мракот се само смеа на твојот памучен инвалид.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Смеата е еден пенлив допир по цветојте палаиот залез со шепотот румен што ги опил.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Од ѕидот уште го гледаа многуте очи на страшната изложба на неговиот пријател, безначаен сликар, пијаница и очајник, што освен срдечна смеа нема ништо друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ѝ говорев и не ја викав на име. Не е исушена уште пенливата смеа, ѝ докажував.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ли еднаш ќе се сврши Ноќва без шум и звук на ѕвона (Таа е шкољка сета сонна и нема нуркач да ја скрши) Ти црна ѕвездо зошто трепкаш колосана со мртва смеа (Ги срони сонот сите клепки и еве пак сум сам пред неа)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зашто нивната смеа беше убиена со ракија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Другите нададоа смеа и викотници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не, ти си прв, ќе ја наведнеше главата. Прв?... Ќе ја закопав во себе својата смеа и ќе премолчев дека знам - јас секогаш сум или прв или втор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пари и љубов, ќе се зачудат тие. Од грлото на Јана ќе шибне млаз смеа кога ќе се заврти кон првиот на масата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе