смело (прил.)
А Кузман честопати гонеше пљачкаши кои плачкаа секаде смело, и секогаш силен и горд, со другарите свои, победник идеше в село.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - вас ќе ве дочека смело, со божјата помош во борба со душмани крвни в крв ќе запечати дело.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Пак и смело може да се рече оти направија помалку од Србите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Професорот зачудено погледна во неизбриченото војничко смело лице. И го грабна дневникот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но не и оние што се исполнети со самочувствие за едно активно и смело делување!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Па можеби сум, - смело рече тој.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сосема мирно, но со оној решителен, јасен глас одговори: - Сакам да запомнам, Аритоне Јаковлески, непопустливо рече Кејтеновиот син подигнувајќи ја главата од душемето, смело дрско загледувајќи се во очите на силниот управител.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
при одење главата им е поткрената, рацете им мавтаат, чиниш, пливаат; тие луѓе смело приоѓаат на сѐ, не се плашат од тешкотии, па дури често и ги потценуваат; многу работи превидуваат, но грешките бргу ги исправаат; ретко, или никако не бараат совети или помош од некого; сакаат да им се слуша зборот, да ги слушаат луѓето;
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Зачекоривте сигурно и смело во животот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тие, секако, со чувство на посебен пиетет се сеќаваат на оние млади Македонци коишто и во Првиот и во Вториот Илинден на бојното поле на својата татковина го поднесувале својот живот зачудувачки смело, зачудувачки ладнокрвно.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Виктор Берар, француски научник, балканолог, добар познавач на Османската империја, блескав заштитник на македонската кауза и на борбата на Македонската револуционерна организација, смело ќе го дигне својот глас во полза на гемиџиите, величајќи ја нивната акција како херојско дело.“ ...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Можеби затоа почесто, подсвесно, само си зборуваме за промените без да се обидеме да донесеме вистинска одлука со која смело би им дале одговор на нашите поставувани прашања.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не гледа тој смело и безобразно, не би си позволил да се накашла ниту би потфрлил некој збор со кого било, макар со Боцета.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
По изнесените аргументи, во заклучокот на телеграмата смело му предложив на највисокото раководство, и покрај историските консидерации кон лидерот на неврзаните, Југославија да го признае новиот режим на Бен Али.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)