смрзнат (прид.)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Но нивните румени прсти ѝ се опираат смрзнати и нејаки и слаби црпејќи последни сили во топлиот сон за зелено
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Нешто смрзнато и неподвижно што ги мени луѓето да не бидат луѓе, да бидам смрзната неподвижност и не на улица, а кај нас во собата - ѕид помеѓу мене и неа, граница на отуѓување неврат, нескршлив неуморлив суров бог.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Волчи лик: две смрзнати црвени зеници косо спуштени кон широкиот корен на носот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Не, тоа беше внатрешна потсмешливост, безмислена и смрзната, а од неа во него остана длабок белег.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Пријателе.“ Скината нишка, смрзнат акорд.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Зима, сурова и смртоносна, со гола смрзната земја, згрчена од нервозна болка, слепа и нема за сѐ што станува над нејзината тврда кора.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Една сегашност: распаднати птици и кунатки, и увереноста дека може да исцеди низ своите прсти безбојност и портокаволост зашто и самиот стануваше смрзнатост пред смрзнатото прашање: „Каков Нојов ковчег спомнавте, пријателе?“ „Обичен“, откорна од своето грло. „Ремек дело на една малолетна архитектура.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Луѓето го носеа на своите рамена по сиот тој длабок снег, што тонеше под нивните чекори, или чкрташе, смрзнат, него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Израснуваа над него, во сета своја височина, четворица луѓе, од сите негови четири страни, а после се наведнуваа и го спуштија врз тврдината на смрзнатиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога се исправи и кога зачекори имаше собран, речиси смрзнат поглед, студен како оние погани, несити острици на бичкијата. Имаше бавни чкрткави движења.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој оди зад аголот од куќата и по малку се враќа со полни раце смрзнати дрвца и ситни камчиња.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Исус е море што се повлекува, Исус скока преку смрзнати потоци, Се крие во пештерите и кове Златни решетки за Жар-птицата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Кога ќе се вратите – ќе забележите само траги од нашата љубовна луња смрзната на каменот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Зима, сурова и смртоносна, со гола смрзната земја, згрчена од нервозна болка, слепа и нема за се што станува над нејзината тврда кора.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не, тоа беше внатрешна потсмешливост, бесмислена и смрзната, а од неа во него остана длабок белег.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
2. Ќе ми потфрлат некоја каша или смрзната риба и јас ќе ги истурам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе ни е смачено од смрзнати морски риби и само истргуваме моркови.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)