смртоносно (прил.)
Сети дека ова прашање може да биде смртоносно за неговите деца што се во тврдината и им ја погоди пакосната мисла, па почна да се прави на три и половина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се свести во полската болница на фронтот каде што му го извадија куршумот и му кажаа дека патролата само него го нашла жив и дека имал среќа што не бил смртоносно погоден.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Детството се движи во светот на возрасните како лукаво и смртоносно присуство.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Постојат случаи за кои најлошата работа на светот е нешто сосем безначајно, нешто што дури не е ни смртоносно.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ти ги испратив тебе
поради твојот занесен изглед
небаре без престан посматраш
водени отсјаи
стари карти
кутии кои се отвораат
само пред сведоци
списи кои се даваат на реверс
саркофази врз коишто светлосните
зраци смртоносно се
вкрстуваат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)