смрчка (ж.)
Барале и не нашле сунѓерести печурки, наречени смрчки, да ги испечат на жар и само ретко, понегде, можеле да им го грабаат на животните ланскиот желад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им се сторило дека онде кај што нема умирања ни животот нема целосно значење - дури и од пепелта на шумските огнови никнуваат сипаничави печурки- смрчки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Отсега ќе ми треба храброст
да одам без него низ истите предели
да се сеќавам и да барам низ јасникот
смрчки
не оние што тој ги ствараше за мене
но тие што јас ќе ги мирисам за него.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сега не можам да речам
дека меѓу мене и денот кога
со татко за првпат берев смрчки
постои јасно растојание
сега кога мирисам на смрчки
повеќе одошто на самата себе
кога минуваат годините во животот
како што нема да поминат во споменот
кога сѐ е на свој начин отсутно
и пладнето, и билјето
и јас и тој
кога сѐ е заградено во мене
и секој настан има своја миризба
своја душа - она
кое не се споредува!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Врти се роју умен, вртлогу
ти кој си на небо, биди на земја
вртилишта, улишта, восочни легла
рам-меморија на приземје и кат давам
за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет
меден збор, афродизијак
и медовината капната од небо ти ја давам
на серафим налик и на мираз
од нечија блага душа
и изблик на вечноста ти нудам
„гола како кокошкин врат“
за да се собереш, сакана
да дојдеш на врв врба
во моето гнездо озарено со етер
со екстракт од масло
со медоносно билје
ти нудам енигматични игри
крстословки, ребуси
пополнување на празнините и сотките
осмислување на келиите -
безбројните восочни клетки
ко минијатурни смрчки
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)