советување ср.

советување (ср.)

Во овој град секоја година има светско советување на балноелозите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Отворам весник: во Алма Ата ќе се одржи советување за унапредување на земјоделството.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На првиот кат од зградата во заднината некои сенчести суштества се собрале на советување.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Пак ги свикал дворските старешини на советување што ќе прават сега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А беше вака. Неколку часови пред нападот, на военото советување рекол генералот дека борците и боркинките по многу долгиот марш во многу лоши зимски услови се сосема истоштени и дека добро би било прво да им се дади малку време да одморат, да добијат топла храна, да ги исушат водените униформи и малку да поспијат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако кај повисокиот суд, во постапката по правниот лек, одлуката е донесена едногласно – нема да се состави записник, туку на оригиналот на одлуката ќе се состави забелешка за советувањето и гласањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Издвоените мислења се приклучуваат кон записникот за советувањето и гласањето ако не се внесени во самиот записник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Записникот за советувањето и гласањето го содржи текот на гласањето и одлуката што е донесена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пациент 1: Советување, во однос на сите грешни постапки. Повикување на свеста и емоционалната интелигенција.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Три часот по полноќ. Деветнаесетти август. Учесниците на советувањето еден по еден ја напуштаат зачадената просторна земјанка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Последен пат кога нешто имаше в уста, беше вчера, пред да почне советувањето. Пексимид и планински чај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И додека командирот на командата во Смрдеш ја извршуваше наредбата, во Главниот штаб на ДАГ сѐ уште траеше советувањето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)