согласен прид.

согласен (прид.)

Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има време. Ќе работиш, ќе спечалиш, ќе ми ги вратиш. Само, што е ред, ред. Согласен ли си? (Костадин се колеба).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АНТИЦА: Јас сум согласна со тебе и на врвон од планинана ако сакаш и кога сакаш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Ама согласна не согласна, јас не можам да да ти дадам збор додека тој не се согласи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Арно сега, токо колку ќе ми платите, до кога, да си знајме и вие и јас? — праша Стале иако беше согласен на секакви услови. — Колку? Колку е мунасип.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кажа оти татко и веќе е согласен на сѐ, само да се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да, си рече, а сега имаме можност да го отфрлиме тоа и ќе го отфрлиме и без да сме запрашани дали сме согласни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во едно тој и син му беа согласни - чувањето на добиток иако можеби и тоа, според мислењето на младите, не се исплатуваше како некогаш, сепак го оправдуваше вложениот труд.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На крајот на светот Проќа беше согласна да оди со Толета, само да не се оддели од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ако сте согласни, да ви го изнесам мојов план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знаат христијаните од Потковицата, како што знае и сиот христијански свет во европска Турција, дека ако порано турските закони сега фанариотите, кои имаат големо влијание врз султанот, им бранат на славјаните во Македонија да ѕидаат цркви и училишта - ако не се согласи во нив да се проповеда и да се учи на грчки и ако не се согласни да бидат под покровителство на Патријаршијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ако има снег, ќе се санкаме и ќе правиме голем Снешко.“ „Согласни! Супер!“ прифатија сите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стандард било триесет ученици. Ѝ реков на директорката - сѐ што ќе придојде ќе прифатиме, па дури и повеќе од триесет. Согласни?“ „Така е!“ се согласија сите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќето стручњаци од областа на екологијата се согласни дека аерозагаденоста во градот зависи од климатската специфичност на Скопската котлина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Јас не бев согласен со тоа - да загинеме.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ама веднаш потоа, како ровја да го удрила, туку се провика: „Аферим, светол пашо, аферим. Согласен сум, да!.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сите останати адети и почести кои не се наведени погоре, можат спонтано да се одржат, со взаемен договор на обете страни, доколку се согласни, земајќи ги во обзир тарифите предвидени за свадбените церемонии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Имено, кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на ваква постапка, трудовиот инспектор составува записник и издава платен налог за плаќање на изречената глоба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На првото рочиште за главна расправа странките, меѓу другото, се должни да се изјаснат дали се согласни спорот да се реши во постапка за медијација (чл. 436, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе