соголи (св.)
Но откако ја излечи, таа пак не го оставаше да ја соголи, пред да му го издраска лицето со ноктите и пред да списка како да ја коле некој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Ние сме овде како пирати, ако видиме некој со пари, ќе го соголиме.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ќе се спрпелка во огнот, а огнот ќе му ги опрли влакната, козината, ќе го соголи и ќе му го земе здивот. Ќе му ја пукне жолчката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зар цела куќа ќе ми ја соголиш, зар сите мои рани со земја ќе ги потиснеш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Евгенија Милеска ја ранија во десната рака. Ѝ ја соголија коската.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Горница. И од горницата, коренот што пороите го соголеле, седи некој стар, престар човек.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- Со тешкиве весла, - се соголија до самите катници зелените заби. – Ако ви е помило, тоа можеме да го сториме и со топузи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Бидејќи никој не сакаше, од момчакот на шанкот што беше всушност аспирант да се појави на сцената како актер, до гостинот што беше дошол не како доктор туку како автор, прв да крене рака и да даде знак за фајрон - оставија тоа да го сторат бинлачето со ракија и бинлакот со вино откако се соголеа до газерот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
ВЕЛКОВ: Тоа значи ѕидовите да се соголат до тулата. Одлично. Многу ми помогнавте. Благодарам. Ќе се видиме ние пак.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Соголи ме. Крај река, крај трева кај дрвјата мирисаат на смола, Слечи ме и гледај оддалеку.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Е, бидејќи капитализам без богати не бидува, и кога тоа го намирисаа лакомите и арамиите, се сјатија и ја соголија земјата, па, чиниш, сиромаштијата брезничка како лишај се рашири по целата земја.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Имам храброст да ја соголам душава и мојата интимна исповед да добие форма преку алегоричните со драматична аура секојдневија, преку копнежите насликани со акварели и некогаш смирувачки, елегични а некогаш агресивни, фуриозни и флуктуирачки движења на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ќе нѝ изѕебнат нозете - си мислеше на сиромаштијата која како црна сенка со отворени челусти се спушти над селото - Не соголија до коска - беа последните зборови на кои се сеќаваше Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)