сограѓанин (м.)
Слушнала на млади години, поминати во крајезерскиот град дека еден нејзин сограѓанин поет, шетајќи крај езерото, зборувал сам со себе. Тој така ги составувал своите песни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во Лос Ангелос, Меката на фитнесот, своите сограѓани опседнати со здравје, Лири ги шокира со подготовките да ја „прегрне смртта”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
II. Им забрануваме на сите наши поданици без оглед на нивната положба или професија да го оживуваат споменот, да се напаѓаат, да се навредуваат, да се караат и да се предизвикуваат еден со друг со префрлања во однос на она што се случило, без оглед на причината или околоностите, да се расправаат, да се оспоруваат, караат, засрамуваат или навредуваат со дејства или со зборови; нека се совладаат и нека живеат заедно како браќа, пријатели и сограѓани, а кршителите ќе бидат казнети како кршители на мирот и нарушувачи на јавниот ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Покрај другото, Судот испратил негова фотографија до кајмакамот во Кратово, на која властите и многу поединци потврдиле дека тој бил нивни сограѓанин.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
При една ваква дилема нели веднаш ќе ни се јават во сеќавањето голем број сограѓани што ги среќаваме речиси секој ден и тоа на исти или на приближно исти места: исти минувачи по улицата; исти продавачи пред исти продавници; исти жени покрај исти излози, или пред исти порти на куќарките во Чаир!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ете, тоа е причината, пред да се впуштиме во спомнатата авантура со прашања, брзо брзо да го симниме погледот пред нашите нозе и да продолжиме да чекориме по порано одредената патека; дури и ќе го забрзаме чекорот исплашени дека секое подзастанување или одвишно шетање со погледот може да биде погрешно протолкувано па дури и осудено од недобронамерните сограѓани.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нашето пријателство всушност се сведува на блискоста што ја создава чувството на сосед и сограѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но кога настапи времето на козите и кога тие бели суштества извршија вистинска инвазија во градот, и ние бевме принудени да купиме кози за да опстанеме, како и сите други сограѓани.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој не е масон, но се обидува да им помогне на своите солунски сограѓани.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Им велам на моите сонародници дека ваквите шеги не ми се драги, бидејќи Америка сега е мој дом, а Американците мои сограѓани.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Рака на срце, мене тогаш многу повеќе ме интересираа серијалите од типот на „Планетата на мајмуните“ и „Емануела“, така што воајерската страст на моите сограѓани да ѕирнат во приватниот живот на некои американски парајлии ми беше комплетно нејасна и будалеста.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Лука Карер знаеше дека нивниот потег е многу ризичен и дека во животна опасност ги вовлекува и семејствата на оние чесни луѓе што прифатија под својот кров да ги примат прогонетите сограѓани.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Рајхсфирерот ја добива мојата молба за спас на нашите сограѓани и мислам дека ќе ги уважи аргументите што тука најдов за сходно да ги набележам“. Прв се созеде Лит. „Еминенцијо, мислам дека писмото до Фирерот не го одложува извршувањето на нашата работа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На таа средба во Тетово, како ученик на одново отворената гимназија, по прекинатата настава во текот на војната и окупацијата, со дотогаш скромен, скуден, школски допир со поезијата, без познавање нејзино, јас се присеќавав подоцна во мојата прва беседа прочитана на раните Рацинови средби, како нивни соосновач со Александар Спасов, Димитар Солев, Благоја Иванов..., со нашите велешки врсници и колеги Славчо Николов, Ангел Димов, Тихо Најдовски и со сесрдната грижа на Рациновото семејство и на неговите сограѓани.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)