солунски прид.

солунски (прид.)

И вистина дијалектот велешко-прилепско-битолско-охридски е јатката на македонскиот јазик, зашто на запад од него е дебарскиот (рока), на југ – костурскиот (ронка), на исток – источниот или солунскиот (р’ка) и на север – скопскиот или северниот (рука).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така: црни очи, црни веѓи, црна коса, бело лице, танка става — цела солунска кокона!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- В затвор? Што направи вака? - Да... Денеска сум богат солунски трговец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Човекот застана пред стражарот, кој го вардеше битолскиот затвор и се претстави: - Јас сум солунски трговец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но во него не беше како во солунската гимназија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нарача едно дваесетипет драмниче тиквешка ракија; виде оти се продава и јадење, та си поруча една солунска сардела и се напи полока винце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првпат, по толку мои идења, забележав дека солунскиот пазар е многу посиромашен со пиперки, домати, за разлика од кај нас, дури и поскап.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од височинките на Солун се гледа целата рамнина, целото просторно и широко Солунско Поле...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако некаде мириса на ориент во Солун, тогаш тоа е токму на пазарот, оној што граничи со „Виа Егнатија“, со „Цимиски“ и уште со некои главни солунски магистрали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа скапо ги чинеше. Најпрвин, по заповед на Портата, мораа да му исплатат обештетување на стопанот на пребеглиците, некојси солунски високодостојник, Турчин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не дават овци да пасет, овци да пасет в к`шли солунски, прибират млади стројни девојки, стројни девојки и млади невести.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но сѐ друго, како она дека бил оженет со некоја Митра, дека ги предводел побунетите славјански селани против византиските и солунските господари, и дека токму тој, односно, ја основал населбата во Потковицата и бил првородственик на Акиноските, си противречи со сѐ што досега знае историјата за Григорие Акиндин: „...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Солунските весници предупредуваат: ,По ден-два ќе се крене Комунистичкото востание за автономија на Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Саше обожава театар. На претставата „Болва во уво“ бил веќе десет пати, на „Солунски патрдии“ можеби и повеќе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во Солун, пред отворањето на Солунскиот фронт, се запозна со неколку свои соселани мобилисани во српската војска.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Биле тројца и во една ноќ грабнале од три села три најубави девојки, ги изврзале со улари и појаси и ноќе, преку планини и далеку од населби, села и селца, му ги однеле на некој паша, скопски или солунски, никој веќе не паметел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го обземало несовладливо трепетење, го присилувало со болка да го надраснува оној златен и зелен жабурник, она море со мртви води, поинакви од оние што ги гледал кога по казна го воделе во солунската кула и кога го враќале од тој гроб од чии окови не се спасувал ни еден на десет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќето ја преспаа прикаската за зеленобрадиот господар на солунскиот трговец Арон. Заспав и јас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Постојано на главата го носеше дупнатиот шлем од Темелко што го донесе од Солунскиот фронт и маршираше по сокаците удирајќи со нозете колку што може и поздравувајќи го секого што ќе поминеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе