сонливост (ж.)
Се проѕеваше, а по целото тело му мина еден бран млака сонливост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше и самиот празен и празно тонеше во млаката празна сонливост без миризба и без убавина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред Змејковиот прозорец продолжува игралито да потреперуваат и да се колебаат дали да паднат на земјата, или пак да се вивнат нагоре, божем одбирајќи го местото за своето слетување, тие немирни водушести снежинки, што надоаѓаа озгора во роеви-роеви и носеа сонливост и чмаење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Брзо му помина лутината и сонливоста.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Некое спокојство, измешано со сонливост и умор, го плави однатре од утробата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сончевиот зрак на неговото лице и мазното тело на девојката што го допираше неговото, му создадоа силно чувство на сонливост и доверба.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Завладува длабока сонливост, млекото сѐ почесто загорува.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)