софист (м.)

„Демократизацијата“ на владеењето на акциите, од која буржоаските софисти и опортунистичките „исто така социјалдемократи“ очекуваат (или уверуваат дека очекуваат)„демократизација на капиталот“, јакнење на улогата и значењето на ситното производство итн., всушност е еден од начините за јакнењето на моќта на финансиската олигархија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Да се заменува прашањето за содржината на борбата и на спогодбите меѓу сојузите на капиталистите со прашањето за формата на борбата и на спогодбите (денес мирна, утре немирна, задутре пак немирна), значи да се паѓа на улогата на софист.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Според нивното мислење, само од себе се подразбира дека поединците, низ јазикот односно наследството, произлегуваат од својата нација а не обратно, како што беа прогласиле опасните софисти од претходното столетие.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)