социолошки прид.

социолошки (прид.)

Анализирајќи го сето тоа од денешна перспектива, од една временска дистанца која не е толку мала, ние можеме со сигурност да тврдиме дека репортерските записи на Никола Кирков влегуваат како интегрална составка на драматичните општествени, социолошки и културни процеси на времето што е мотив на овие новиварски анализи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Речовито е сознанието до кое доаѓале критичарите говорејќи за прозата на Чинго, она сознание за нејзиното потекло, иако одделните критичари поаѓаат од различни критички становишта, со разни критичарски определби - од импресионистичка до психолошката и социолошката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Целате кон крупни историски феномени, социолошки и антрополошки, во европската култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во контекст на други социолошки интерпретации, анализите на Бауман се посебно оригинални тогаш кога се занимаваат со моралитетот и етиката.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таквиот обид бара напуштање на конвенционалните социолошки концепти какви што се општество, нормативна група, социјализација и слично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бремето на зрелоста им налага и поголемо познавање на политичките и социолошки теми, како што се расизмот или екологијата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Денес постои силен страв меѓу социолозите во Америка затоа што некои социолошки одсеци веќе се распуштаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Помеѓу социолошкото просветителство и општествената борба постои хиатус. Anything does not go!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во една опширно разглобувана и честопати оспорувана низа од социолошки и статистички студии на она што го нарекол „креативен сталеж“, Флорида тврди дека присуството на геј- луѓето во некое место е одличен предзнак на одржлива високотехнолошка индустрија и на нејзиниот потенцијал за раст.11
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)