спремен (прид.)
СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој му проповедаше на народот дека треба да е спремен при првиот повик да излезе и да се бори против тиранијата!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Дедот поп спремен, со засукани ракави, го распови на масичката малото, ги зеде ножичките, го потстриже, го фати за главче и почна да го брчка во водата што ја донесе Гуца во ѓумот, читајќи си напамет: „Крешчаетсја раба божја . . .“ и се обрна на нунката: „Кажи нунко име“, и причека.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Често преслечен секоја недела, — изгледаше како да е секој ден спремен за на гости.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А тој беше глув и не беше како многуте глуви јак и спремен да го одбрани своето постоење. Сѐ. Почеток и крај. И пустош.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Излегов малку да прошетам; и при тоа, колку што е возможно тоа, да се мисли на нешто сосема друго, на нешто свое, за кога ќе излезе пред тебе онај живот отаде, тој да те сепне, да те разбуди, да те натера малку да се стреснеш и во истиот миг да бидеш спремен за она, што треба да го сториш со пушката, брзо и без двоумење, сигурно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но во себе, некаде од своето дно, во онаа белина на својата будност, тој понесе од тука и еден скришем зачекан, оптегнат лак, исто како онаа исукана бичкија, висока и спремна секој миг да се вкопа во трупецот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Идеше кон него, како виулица, начекувајќи го во единствениот миг, кога тој не беше сосема спремен да го пресретне и тоа беше една можност, со која што оној се ползуваше, а тоа беше нешто, што си беше сосема во правина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Спремни ли сте да се најдеме на своите места во Македонија? Не требаше друго ли да кажува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Чомлекот, на пример; редовницата уште одвечер ќе го наполни грнецот со дробенки од гоедско месо, само удина, ќе стави многу кромид, цел грст налупени чешниња лук, една рака суви везени пиперки, црна пипер, сол, две-три дрвени лајци сало и ќе го поклопи; околу наоколу поклопот убаво ќе го залепи со тесто за грнецот, за да не туши, и така спремениот грнец ќе го намести на огниште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мил за цело време кога тој излегува и влегува низ прозорецот, седи под јаболкницата и внимава на него да не се слизне, да не падне, спремен да го прифати, да го задржи.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Можев да влезам во тебе додека спиеше. Секогаш беше спремна.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
„Секогаш треба да си спремен за чудовишта во животот“, запишувам со мисла дека сум направил навистина прониклива забелешка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога Хироши ќе го извлече тепихот под нозете на генетскиот инженеринг, толпата во Медина ќе биде спремна.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Неколку минути подоцна силовито се отвара вратата на спалната соба и бупнува Фјодоровата глава; неишишана, неизбричена, црвена, со разгорачени очи и со уста спремна да каса. -Каде се моите пари!!!
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Поправениот „јагуар“ спремен за возење стои во гаражата неупотребен. Таму е од октомври.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Доколку се работи за поинтелигентни или пак дури и ингениозни умови, водите на софистицираниот криминал ги водат до некои повитални точки на системот но - каков парадокс -наместо овие Робин Худови и Џеси Џејмсови да се прифатат кон уништување на виталните точки, тие бидуваат асимилирани од истите и веќе ги гледате овие умни криминалци како ревносно му служат на системот и спремни се да тероризираат уште повеќе од моделите на нивниот младешки гнев, моделите против кои и тргнале по патот на тероризмот...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Таа нема за цел да им ја пренесе власта на своите деца, како такви; и доколку не постои друг начин за задржување на најспособните луѓе на врвот, таа би била совршено спремна да регрутира една цела нова генерација од редовите на пролетеријатот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)