спретен (прид.)
Привлечно мириса јадењето, со некој веќе одамна познат мирис, наш, во нашата куќа, така непосредно поврзан со мама, со нејзините спретни раце.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Спретен психоделичен човек научил да се движи низ тие стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)