сроди (св.)
Навистина, за мене би било многу понизно да земам жена и се сродам со еден мој крвни душман.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Цивџик така се сроди со тој стан што веќе не можеше да се замисли без него.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Стројничката знаеше колку многу копнее Карче да се сроди со една видна охридска фамилија, како што беа Попставревци.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но колку повеќе ја трупаше и ја полнеше куќата со разни работи, колку побогатски се носеше и правеше дарови и колку повеќе прикажуваа луѓето за него - толку понетрпеливо настојуваше тој да се сроди со некоја стара, прикажана фамилија...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сепак знаеше и често велеше дека за човека е најдобро место она каде што најдолго живеел, средина со која се сродил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Тешко ми е, - призна Бојан. - Се сродивме со луѓето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Или оној со кој животот те сродил.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И кога во туѓина ропски бегаш, ти си ветен
на Голгота да ме сродиш и обљубиш лудо
на исповед кога дојдов, гревот го измислив, дете
пред зборот сонот одненадеж ми прорече чудо.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)